Јувентус остана без 15 бодови!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Италијанските медиуми објавија дека Јувентус останал без 15 бодови поради финансиските малверзации во клубот.

Фабрицио Романо ја потврди информацијата за казната на „Старата дама“, која неодамна мораше да го промени и раководството.

Клубот од Торино се надеваше дека ќе избегне ваква казна, но очигледно Фудбалскиот сојуз на Италија реши да не им прости.

Јувентус со одземањето на бодовите ќе падне на 22 бода и на 12. позиција, односно ќе биде далеку од позициите кои водат во Европа следната сезона.