Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер славеше во вечното дерби против Јувентус со 1-0 и така остана во трка за титулата, откако ја намали бодовната разлика зад Милан и Наполи на само три бодови.
Во завршницата на првото полувреме се случуваше вистинска лудница, кога Хакан Чаланоглу промаши пенал, но истиот мораше да биде повторен по реакција на ВАР-системот.
Повторената симка покажа дека Матијас де Лихт предвреме втрчал во казнениот простор и поради тоа судијата повторно покажа на белата точка, а Чаланоглу од втор обид не пропушти можност да казни.
Јувентус доминираше до крајот на мечот и создаде многу шанси, но не искористи ниту една од нив, па Интер си освои нови три бода.
Милан и Наполи го делат првото место со по 66 бодови, по што следи Интер со 63, а Јувентус има 59.