Јувентус плати 50 милиони евра за засилување од Премиерлигата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот италијански шампион Јувентус го промовира Даглас Луис како ново засилување. Бразилецот се сели во калчолигашот од редовите на Астон вила за сума од 50 милиони евра.

Искусниот фудбалер претходно играше за Васко де Гама, па Манчестер сити и потоа го носеше дресот на Жирона пред да се пресели во Астон вила.

Бразилскиот интернационалец потпиша петгодишен договор со Јувентус, односно до 30 јуни 2029 година.