Јувентус рекордер во намалување плати во Серија А!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми денеска објавија колку пари трошат клубовите од Серија А на плати, откако на сите ни е јасно дека мораше да има намалувања поради пандемијата на ковид-19.

„Газета дело Спорт“ објави дека платите се намалени за вкупно 72 милиони евра, а најмногу намалувал актуелниот шампион Јувентус.

Најмногу за платите на годишно ниво ги намали Јувентус, за дури 58 милиони евра, но и покрај тоа „старата дама“ е на врвот со 236 милиони евра. Најмногу од таа сума оди за Кристиано Роналдо (31 милион евра).

На второто место е Интер е кој очигледно не е погоден од кризата затоа што „нероаѕурите“ го зголемија трошокот за плати на 10 милиони евра и сега се на 149 милиони евра.

Рома се најде на третото место со 112 милиони евра што е за 13 милиони помалку од минатата сезона, Наоли со 105 е зад „волчицата“. Милан трошокот за плати го намали од 115 на 90 милиони евра, додека Лацио и Аталанта имаа зголемување за 11 (сега 83), односно 7 милиони евра (сега 42).