Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите ширум Италија утрово излегоа со интересна шпекулација во врска со тоа кој играч би можел да биде следното засилување на шампионот на Италија, Јувентус.
По веројатното напуштање на Погба, и повредата на Маркизио на кого Алегри не може да смета се до декември, тимот од Торино сериозно загризува за 29 годишниот бразилец, кој според пишувањата сака да ја напушти бундеслигата, а Јувентус би бил добар предизвик за бразилецот.
Јувентус ќе си ја проба среќата, но се шпекулира дека германскиот прволигаш нема намера да го пушти Густаво за помалку од 20 милиони евра. Двата тима ќе влезат во преговори во следниве неколку дена.
Јувентус истотака е заинтерсиран и за Витсел и Матуиди, кои веројатно ќе бидат алтернатива доколку Густаво не успее да биде ангажиран.
Густаво има договор со Волфсбург дo 2018 година, и заработува 5 милиони евра годишно.