Јувентус си купи германски репрезентативец за 25 милиони евра!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Билд“ пишува дека нов член на Јувентус од наредната сезона ќе биде германскиот репрезентативец, Џулијан Брандт.

„Старата дама“ го договорила трансферот на 22-годишниот фудбалер од Баер Леверкузен, а за неговите услуги ќе плати 25 милиони евра.

Брандт е еден од најталентираните германски фудбалери, па привлече интерес од многу европски гиганти, но сепак од наредната сезона ќе го носи дресот на италијанскиот шампион.

Инаку, Германецот сезонава одигра 37 натпревари за Баер и постигна седум голови, како и 14 асистенции, па му се предвидува голема иднина.

Брант настапува и за репрезентацијата на Германија, односно дебитираше во 2016 година, а досега запиша 24 настапи, а притоа постигна два погодоци.