Јувентус тргнува по нов напаѓач и избира меѓу три ѕвезди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус игра сезона под очекувањата кога во прашање се голгетерските способности на тимот.

Од клубот ќе тргнат по нов напаѓач во летниот преоден рок кој ќе го замени Гонзало Игуаин кој сигурно ќе си оди од клубот ова лето.

„Тутоспорт“ пишува дека Јувентус ќе избира меѓу тројца напаѓачи, Мауро Икарди, Тимо Вернер и Габриел Жезус.

Аргентинскиот напаѓач кој во моментов настапува во ПСЖ како позајмен играч од Интер е најблиску до трансфер во Торино.