Јувентус во јануари ќе го доведе новиот Анxел Ди Марија


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Јувентус во јануари во своите редови сака да го доведе младиот аргентински играч Матијас Соуле.

Овој 16-годишен фудбалер моментално е член на академијата Велез Сарсфилд и со својот неверојатен талент привлече големо внимание на фудбалската јавност. Соуле се најде на мета на многу клубови а првиот конкретен чекор го направи Јувентус.

La Gazzetta dello Sport пренесува дека Јувентус веќе испрати барање до ФИФА за во јануари да го доведе Соуле за кој многумина изјавуваат дека ќе биде наследник на Анхел Ди Марија.

Италијанските медиуми пренесуваат дека овој тинејџер веќе одлучил да дојде во Јувентус и дека неговата мајка веќе е во потрага по сместување во Торино.

Трансферот на Соул би требало да биде официјализиран на почетокот на јануари, а тој ќе биде дел од јуниорската екипа на Старата Дама.