Кабиб не сака да го споредуваат со Али: Не можам да бидам во иста реченица со него …


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Непоразениот шампион во лесна категорија УФЦ, Кабиб Нурмагомедов не сака да го споредуваат со славниот боксер Мухамед Али.

Во неодамнешното интервју, еден новинар го праша Кабиб „дали сака да го споредуваат со Али“, а Кабиб искрено рече:

“Споредувањето на Али и мене е погрешно. Добро, ние сме и шампиони и муслимани, но не можам да влезам во иста реченица со него, заради она што го направи надвор од рингот”, рече Кабиб и продолжи:

“Во времето кога тој беше шампион, имаше големи расни поделби во Америка. Тие не сакаа да го служат во ресторани затоа што беше црнец. Го фрли златниот медал на Олимпијада, го смени ставот кон неговата раса. Не можеме да се споредиме”, истакна Кабиб.

Орелот во моментов се подготвува за реваншот. Тој ќе влезе во октагонот по 13 месеци, а борбата против Џастин Гајети е закажана за 24. октомври во Абу Даби.