Каде беа вчера скаутите на Манчестер Јунајтед?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и оваа сезона се мачи премногу.

Тимот на Оле Гунер Солскер е во голема променлива фаза, а веќе на големо се зборува за тоа кои играчи ќе бидат донесени во јануарскиот преоден рок.

На листата на засилувања на Црвените Ѓаволи се најде и младиот везен на италијанската Бреша, Сандро Тонали и постои голема веројатност дека Јунајтед ќе испрати понуда за него.

Скаутите на англискиот великан вчера беа на прошетка во Италија, каде го набљудуваа Тонали на мечот против Јувентус, а сигурно е дека и после овој дуел ќе гледаат уште некој од неговите натпревари.

Тонали е голема надеж за италијанскиот фудбал. Му се предвидува голема иднина, а неодамна е на мета на најголемите клубови во Апенините.

Овој 19-годишен има договор со Бреша и е обврзан уште две години.