Каде исчезна храброста на Меси? Лидерот во „оган“ турна тинејџер! ?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Барселона повторно ги разочара своите фанови во Ла Лига, откако загуби на гостувањето кај Атлетико Мадрид со 0-1.

Натпреварот го одбележа грешката на Марк Андре Тер Штеген, а очигледно и Лионел Меси ја загуби храброста, па во „оган“ го турна младиот 17-годишен Педри.

Кога ќе се загуби дерби, навивачите очекуваат одговорноста да ја преземат најголемите ѕвезди, меѓутоа тоа не се случи овој пат, па Меси и останатите го турнаа во „оган“ тинејџерот.

„Меси, Пике и останатите капитени на Барселона го испратија дебитантот Дест, кој не зборува на шпански на пресот по поразот во Ел Класико наместо да се однесуваат како лидери, а по неуспехот со Атлетико го испратија 17-годишниот Педри“, е еден од коментарите на навивачите.