Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Пресреќен сум, им благодарам на тоа“.
Многу француски медиуми на крајот од минатиот месец објавија дека еден од најдобрите светски голмани Џанлуиџи Буфон на крајот од оваа сезона заминува во пензија.
Легендарниот Буфон со ПСЖ има договор до последниот ден на јуни за оваа година, и покрај тоа што се смета дека по завршувањето на договорот, тој ќе ја заврши својата кариера, ќе го напушти Паркот на Принцовите и ќе се врати во Торино, тоа, покрај се, нема да се случи.
Ниту Буфон не сака да ги „закачи“ нараквиците на клин, ниту ПСЖ не сака така лесно да се откаже од голманот кој и покрај тоа што е во својата 41 година не е за „старо железо“.
„Клубот ми понуди продолжување на соработката и тоа ме направи исклучително среќен. Им благодарам на тоа. Се очекува да се седне на состанок во некој од наредните денови на кој ќе се погледнат плановите за следната сезона и ќе се види дали двете страни ќе бидат задоволни“, кажа Џиџи за Sky Uno.
Исто така, Буфон кажа дека и тој сака да остане во Париз.
„Среќен сум во Париз. Позади мене се годините посветени на фудбалот. Сега навистина сакам да уживам во сето тоа. Дојдов во Париз бидејќи бев убеден дека ме чека голем предизвик како играч, но и како човек. На крајот го добив сето тоа што го посакував“, изјави Буфон.