Каде ќе оди Златан? Дали ова е одговорот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ ги напушти ЛА Галакси.

После две години во МЛС, Ибрахимовиќ се одлучи на заминување од американската лига и веројатно својата кариера ќе ја продолжи во Европа.

Шпекулациите околку неговиот нов тим се огромни. Се поврзува со голем број на екипи, а денес со интересна објава на Твитер се огласи и рускиот тим Зенит.

На својот официјален Твитер профил, тимот од Сент Петерсбург сподели објава со наслов „Каде ќе оди Златан“ и со интересно „смајли“ предизвикаа лавина од шпекулации дали тој ќе дојде во овој клуб.

Дали Златан ќе заврши во Русија, ни останува да видиме, инаку претходно се поврзуваше и со Милан, Интер, Болоља, Манчестер Јунајтед…