Каде може да игра Ѓоковиќ ако Бајден не му дозволи да влезе во САД?

Новак Ѓоковиќ повторно се соочува со сериозни проблеми затоа што не доби специјална дозвола за влез во САД бидејќи не е вакциниран.

Српскиот тенисер се надева на одлука на претседателот Џо Бајден, кој може да му дозволи на Ѓоковиќ да влезе во САД и да игра на Индијан Велс и во Мајами.

Доколку не добие дозвола, Ѓоковиќ ќе може да игра само на две места, односно во Африка и Португалија.

Првиот турнир на кој може Србинот да настапи е во Мароко, кој припаѓа на категоријата АТП 250 и титулата ја брани Давид Гофан.

Ѓоковиќ, наместо во Африка, би можел да замине во Португалија и да игра на „Милениум Опен“, кој исто така припаѓа на АТП 250, а титулата ја брани Себастијан Баез.