Како Азар дојде до бројот 7 во Реал?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден Азар стигна минатото лето како големо засилување во редовите на мадридски Реал.

Сепак, за сега Белгиецот не игра на нивото на кое беше во Челзи, а го стигна и повредата која го одвои од терените само што почна да ја подига формата.

Реал направи многу за да го донесе Азар, а интересна е ситуацијата како Азар стигна до бројот 7, кој Белгиецот го посакувал по доаѓањето.

Тој број беше на Мариано Диаз, но клубот буквално го натера овој фудбалер да се откаже од седумката во корист на Азар.

“Во Челзи едно време го носев бројот 17. Тоа беше опција и во Реал, но Лукас Васкез го носеше. Слободен беше и бројот 16 , но него не го сакав. Се одлучив за бројот 50, о ми рекоа дека во Ла Лига не можеш да избереш број поголем од 25. Потоа клубот му нареди на Мариано да ми ја препушти седмицата”, рекол Азар.

Меѓутоа, за сега Азар не го оправда тој број на грбот, бидејќи на 13 одиграни натпревари запиша само еден гол и четири асистенции.