Како да станаа светски шампиони: Се расплака како мало дете поради два меча без пораз! ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На некои репрезентации им е нормално да играат многу натпревари без пораз, но Сан Марино постигна таков успех, што за нив значи како да го освоиле Светското првенство.

Со ремито против Гибралтар (0-0), Сан Марино врза два меча без пораз во Лигата на нации, иако играа речиси цело второ полувреме со фудбалер помалку.

По натпреварот некои играчи не успеаа да се воздржат, па пуштија солзи радосници, а меѓу нив беше и Данте Роси.

„Ова за мене е сон. Не можам да зборувам. Моето семејство е среќно, мојата жена… Им благодарам на соиграчите и стручниот штаб. Ова реми е за мала земја која има големо срце. Се извинувам…“, вели 33-годишниот дефанзивец.