Како Дибала и Бејл ја победуваат досадата за време на карантинот поради коронавирусот? (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поради пандемијата на коронавирус, клубовите ги замолија играчите да останат во изолација и да следат програма за тренинзи во куќата за да останат во оптимална форма.

Во оваа ситуација, најголемите sвезди бараат начини да се забавуваат, но во оваа прилика тие помагаат и во борбата против вирусот „Ковид-19“, чија инфекција сè уште не се намалува.

Па така синоќа, Герет Бејл и Пауло Дибала играа ФИФА 20. Во оваа прилика, сите беа изненадени од изборот на клубови.

Дибала го одбра Реал Мадрид, а Бејл Манчестер Сити. Фудбалерот на Јувентус на крајот беше поуспешен со 3-1, а тој еден од головите го постигна со велшкиот фудбалер.

Пред нив, на овој виртуелен настан настапија Доминик Калверт-Левин, Џордан Пикфорд, Лук Шо, Рубен Лофтус-Чик, Даниел Џејмс, Били Гилмур, Киеран Тирни и Мејсон Моунт и се собраа околу 17,000 фунти.

Инаку, Дабала е една од заразените од коронавирус. Тој направи два теста и двапати беше негативен. Иако се чувствува добро и не покажува симптоми, вирусот сè уште е во неговото тело.