Како голот на Бензема го промени изразот на лицето на Зидан?

Реал Мадрид синоќа во последните моменти стигна до бод на гостувањето против Валенсија.

Валенсија водеа од 78. минута со голот на Солер и кога се се чинеше дека е готово, во 95. минута  следеше шок за навивачите на овој тим.

Играчите на Реал Мадрид изведоа корнер, кој практично беше нивниот последен напад, па и голманот Тибо Куртоа се упати кон шеснаесетникот на Валенсија.

Нафрлената топка од корнер ја погоди Куртоа со глава и за малку не постигна гол, а во гужвата по одбиената топка најдобро се снајде Карим Бензема кој погоди за 1:1.

Последните моменти од натпреварот не беа лесни за гледање ни за Зинедин Зидан кој изгледаше загрижено пред изведувањето на корнерот, а по голот на Бензема имаше голема насмевка на своето лице.