Како херој од филмските приказни: Тој играше против Севилја по тригодишна пауза поради повреди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Виљареал вчера одиграа нерешено на домашен терен против Севилја (2:2) во 31-то коло од шпанската Ла Лига.

Жолтата подморница имаше предност во овој натпревар во два наврати со головите на Алкасер и Торес, но гостите успеаја да дојдат до бод. Првиот гол за Севилја го постигна Ескудеро, додека нерешено им донесе Мунир Ел Хадади во 63. минута од натпреварот.

Сепак, натпреварот во Виљареал го одбележа играчот на домашната екипа, Бруно Сориано, кој конечно се врати на терените по три години. Соријано влезе во игра во 88-та минута од натпреварот и неговото лице покажа колку посебен момент беше за него.

36-годишниот дефанзивец три години се бореше со повредите, но за среќа успеа да се опорави и конечно да игра. Исто така, доби голем аплауз од соиграчите кога влезе на теренот.

“Нема да лажам дека мислев неколку пати да се откажам и да ја прекинам кариерата затоа што доживеав серија разочарувања. Тешко беше, но за среќа успеав да се вратам. Среќен сум што повторно играв и во тие пет минути бев на теренот што се обидов да дадам се од себе.

Интересно е што Сориано целата кариера ја помина во дресот на Виљареал. Своето деби за овој клуб го направи во 2006. година, и имаше интересни понуди во претходните години, но тој не сакаше да ја напушти Жолтата подморница дури и кога испаднаа од друштвото на најдобрите. Затоа тој е сигурно една од најголемите легенди на овој клуб.