Како изгледа тим од соништата на Торес?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред неколку дена Фернандо Торес го прослави својот 36-ти роденден. Ел Нињо претходно ги закачи копачките на клин, а многумина го паметат како еден од најдобрите напаѓачи на неговата генерација.

Во својата кариера играше за Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челзи, а едно време беше член на Милан. Тој со години го носеше дресот на Шпанија и со тоа играше со најдобрите играчи на светот.

За официјалниот сајт на Ливерпул, Торес собра идеален тим од играчите со кои ја делел соблекувалната во текот на неговата кариера, одлучувајќи се за формација 3-4-3.

Тоа е исклучително силен тим кој дефинитивно би изгледал како тим од соништата со оглед дека ќе игра звучни имиња на сите позиции.

Легендарниот Шпанец на голот го постави Јан Облак, додека одбрамбеното трио го сочинуваат Карлес Пујол, Диего Годин и Џон Тери.

Во средниот ред би играле Хавиер Маскерано, Џаби Алонсо, Стивен Џерард, Чави Хернадез, додека Торес покрај себе ќе ги стави во напад Андрес Иниеста и Давид Вила.