Како може Италија да добие шест екипи во ЛШ?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италија има пет учесници во Лигата на шампиони (ЛШ), а по триумфот на Аталанта против Баер Леверкузен (3-0) во финалето на Лига Европа се зголемија шансите за шести тим во елитното европско натпреварување.

Серија А може да добие шести патник во ЛШ, но само ако Аталанта заврши на петтото место, а за тоа најмногу ќе навива Рома која е во игра да добие место во елитата.

Болоња и Јувентус имаат по 68 бодови на едно коло пред крајот, додека Аталанта има 66 бода и два меча.