Како Пеле успеа да прекине војна?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Еден од моите најголеми успеси е тоа што ја запрев војната во Нигерија“, кажа поранешниот бразилски фудбалер Пеле, кој вчера почина на 82-годишна возраст.

Во Нигерија се водеше граѓанска војна од 5 јули 1967 до 13 јануари 1970 година и притоа загинаа над милион луѓе.

Во тој период бразилскиот гигант Сантош слета во нигериски град за да игра со Сентрал Вест стејт, а Пеле откри што се случувало.

„Само хотелот и куќите беа осветлени. Се сеќавам дека го прашував менаџерот зошто е тоа така и тој ми кажа дека се обидуваат да избегнат бомбардирање од непријателот“, раскажува тој.

Поранешниот соиграч на Пеле, Рамос Делгадо кажа дека војната била прекината за да се открија тој меч.

„Моќта на Пеле беше неверојатна“, кажа Делгадо.