Како Роналдињо ги поминува затворските денови во Парагвај? (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо се наоѓа во затвор, откако со лажни документи влезе во Парагвај.

Роналдињо и неговиот брат се наоѓаат во парагвајски затвор и го чекаат судењето. Тие се обвинети дека со лажни пасоши влегле во Парагвај, па уапсени се во страв дека би можеле да ја напуштат земјата.

Веќе се појавија и првите фотографии од легендарниот фудбалер од ззатвор, кои изгледаат навистина тажно.

Парагвајските медиуми пишуваат дека Роналдињо е добро расположен, како и дека голем дел од времето поминува во дворот на затворот.

Медиумите објавија и нови фотографии од затворот, на кои се гледа Роналдињо. На него му се заканува казна затвор од шест месеци, но се очекува на крајот да добие условна казна.