Како тинејџер дојде во Реал, се однесуваше како дете и падна на дно: Мислев дека сум Бог!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид во последните 20 години потроши многу пари на звучни засилувања, но некои трансфери кои ги направи шпанскиот шампион беа лоши.

„Кралевите“ платија 14 милиони евра за Ројстон Дренте кој стигна како тинејџер од Феенорд, но сепак не ги оправда очекувањата.

За Дренте до тој момент речиси и никој немаше слушнато, но во Реал беа сигурни дека станува збор за голем талент.

Дренте играше за првиот тим на Реал и не остави добар впечаток, па подоцна замина на позајмица, а договорот му заврши во 2012 година.

Фудбалерот во разговор за „Газета дело Спорт“ ја отвори душата и објасни што се случувало додека бил член на Реал.

„Не бев подготвен да бидам професионалец. Мислев дека сум БОг, но исто така сакав да се забавувам и да останувам до доцна. Фудбалот и таков стил на живот едноставно не може даљ се комбинираат“, вели тој.