Како Ван Гал го избркал Ван Перси од Манчестер Јунајтед?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Робин Ван Перси во кариерата помеѓу другите клубови настапуваше и за Манчестер Јунајтед, а од „Олд Трафорд“ си замине една година по пристигнувањето на неговиот сонародник Луис Ван Гал.

Холандскиот тренер на крајот од сезоната 2014/2015 му се заблагодари на Ван Перси на соработката.

„Разговаравме и ми кажа дека нашите патишта се разделуваат. Ми кажа дека повеќе не сум играч за Манчестер Јунајтед. Му одговорив дека се уште имам договор, но него тоа не го интересираше. Имав договор, бев среќен, семејството ми беше среќно во Англија. Му порачав дека не сакам да заминам и дека ќе го натерам да го смени мислењето, но тој направи се за да ме избрка. Ме исклучи од тренингот кога играа првиот и вториот тим. Во тој момент разбрав дека морам да заминам“, раскажа Ван Перси.

Во таа сезона Ван Перси одигра 31 натпревар и постигна 12 голови. Јавен судир имаа во октомври 2014 година кога Ван Гал прославата на голот на холандскиот напаѓач против Челзи ја нарече глупава. Од 2012 до 2014 соработуваа и во холандската репрезентација, а тогаш Ван Гал му ја даде капитенската лента.