Каков Арсенал, Манчестер и останатите, Мидлзборо го прави трансферот на летото?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дефинитивно ова лето би било најголемо изненадување ако се случи.

Екипата на Мидлзборо успеа да се пласира во Премиер лигата, заработи со самиот пласман околу 120 милиони фунти, а дефинитивно имаат план како да ги потрошат.

Аитор Каранта, менаџерот на оваа екипа, направи спој меѓу младоста и искуството, но смета дека засилувања се неопходни со цел екипата да опстане во најсилниот ранг на англискиот фудбал.

Поради тоа го сакаат – Чави.

Некогаш еден од најдобрите играчи на светот сега игра за Ал Сад во Катар. Од заминувањето од Барселона потпиша тригодишен договор со тој тим, а ќе биде и амбасадор на Светското првенство во 2022 година.

Чави во неколку наврати истакна во таа сезона дека ги следи случувањата и во Чемпионшип, најмногу поради својот голем пријател Аитор Каранка.

Каранка е клучен човек во преговорите, нема сомнеж дека пари има, прашање е дали 35-годишниот Чави ќе се одлучи да се врати во Европа.

Не би бил шрв Шпанец кој на залезот на кариерата да ги брани боите на Мидлзборо, поради тоа што во црвениот дрес беше и Гаиска Мендиета, некогашен репрезентативец на Фуријата.