Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изгледа дека добриот глас на далеку се слуша. Шегата на страна, но резултатите на Ливерпул, финалето во Лигата на шампионите и битката за титулата би можеле и тоа како да се одразат на финансиите.
Имено, ним договорот со „Њу Баланс“, техничкиот спонзор им истекува во јуни 2020. година и веќе компаниите се подготвени да платат богатство за Ливерпул да ја носи нивната опрема.
Најголем договор од ваков вид има Барселона која со Најк изминатата година потпиша 10-годишен договор вреден околу 120 милиони евра по сезона. Реал од 2015. до 2025. година има договор со Адидас, годишно заработуваат слично како Барселона, околу 115 милиони. Следи Јунајтед чиј договор е околу 90 милиони годишно, Сити со Пума има 10 помалку, Арсенал и Челси заработуваат по 70 милиони, од Адидас и Најк, Јувентус нешто помалку од 60…
Но, договорот на Ливерпул би бил астрономски, не како оној на Барселона и Реал, но поголем од Јунајтед. Тие моментално заработуваат нешто помалку од Јувентус, но со новиот договор од некој од гигантите, според информациите на англиските медиуми би можеле да земат околу 100 милиони годишно, двојно повеќе отколку сега…
Јасно, ќе се чека уште една сезона, ако дојдат до титулата, или ја освојат Лигата на шампионите, или повторно да бидат во завршницата, сигурно е дека ќе извлечат вистински џекпот кога договорот е во прашање летото 2020. година.