Каков натпревар: Луда завршница со две тројки и триумф на Будуќност против Партизан ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дури 50 минути беа потребни за да се реши дербито меѓу Партизан и Будуќност во второто коло од регионалната АБА-лига.

Второто продолжение на мечот беше завршен со драма каква што не се памети. Коди Милер-Мекинтајер погоди тројка и му донесе водство на Партизан, а останаа само 1,3 секунди до крајот.

Токму тогаш Данило Николиќ беше прецизен со удар за три поени и голема прослава на тимот од Подгорица.

Будуќност славеше со 101-99 и така го запиша вториот триумф на стартот на сезоната, додека Партизан засега е без победа.