Каков план има Барселона со Кутињо?

Филипе Кутињо сепак би можел да добие шанса во Барселона.

Поточно, тренерот Барса Сетиен му рекол на раководството на клубот дека сака да го задржи и да се обиде да се вклопи во неговиот систем.

Секако, тоа ќе се случи доколку Баерн Минхен не го откупи неговиот договор.

Во Барса сметаат дека им е потребен фудбалер со вакви карактеристики и можат да го „разбудат“ Кутињо.

Вчера имаше и информација дека Кутињо може да замине во Англија, со оглед на интересот на Челси, но прашањето е колку е изводливо.

Кутињо оваа сезона забележа вкупно 32 натпревари за Баерн и постигна девет гола со осум асистенции.

Барселона за него плати дури 120 милиони евра пред нешто повеќе од две години.

Дали ќе се врати во Шпанија и ќе ги оправда големите пари останува да видиме.