Каков пресврт!! Давид Силва оди во Серија А, но тој нема да го носи дресот на Лацио!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Искусниот Шпанец требаше да се пресели во Лацио, но ситуацијата се смени.

И покрај фактот дека Давид Силва и Лацио имаа усeн договор за соработка за следната сезона, тоа нема да се случи, барем така тврди агентот Клаудио Анелучи, кој своевремено работеше на трансферите на Единсон Кавани и Пауло Дибала во Италија.

Причината е фактот што новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло изрази голем интерес за ангажманот на фудбалерот на Манчестер Сити.

Силва чека Граѓаните да го завршат настапот во Лигата на шампионите, каде во сабота ќе го играат четвртфиналето против Лион, по што ќе го објави името на новиот клуб.

Сите беа убедени дека тоа ќе биде Лацио, но сега е многу можно тој да објави дека е нов член на Јувентус, кој доаѓа како гром од ведро небо.