Каков татко, таков син: Ромео Бекам постигна спектакуларен гол од слободен удар (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дејвид Бекам ќе остане запаметен по неговите одлични настапи, а очигледно дел од неговиот талент наследил и 19-годишниот Ромео Бекам, кој игра за Интер Мајами и постигна спектакуларен гол од слободен удар.

Ромео во неделата го постигна првиот гол за Интер Мајами 2, резервната екипа која се натпреварува во МЛС-лигата, а неговиот погодок потсети на татко му Дејвид.

Интер Мајами 2 славеше со 3-1, а последниот гол беше дело на младиот Бекам на кој му се предвидува солидна кариера.