Каква е оваа мода: Цела Америка му се смее на Кузма поради стајлингот 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарот на Вашингтон визардс, Кајл Кузма го привлече вниманието на цела американска јавност, откако со својата модна комбинација стана една од главните вести во САД.

Ѕвездата од НБА-лигата е позната по својот стил на облекување, но овој пат ги премина сите граници и ги изненади навивачите.

Поранешниот шампион со Лос Анџелес Лејкерс ги насмеа сите со својот розев џемпер, каде што ниту бојата не беше проблем, туку тоа што Кузман носеше шест пати поголем број од потребниот.

Кузма така стигна на мечот со Шарлот хорнетс, кои триумфираа со 109-103, па така ја прекинаа серијата од порази.