Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лучано Спалети е на „стаклени нозе“ во Интер.
Со „Нероаѕурите“ успеа да биде елиминиран од обете европски натпреварувања, во меѓувреме се јавија компликации во домашниот шампионат, но пожарот засега го изгаси триумфот во градското дерби.
Без оглед на исходот на сезоната, клубот подготви две опции како негова потенцијална замена, во прашање се Жозе Мурињо и Антонио Конте.
Мурињо е без ангажман по смената во Манчестер Јунајтед, најави дека во тренерските води ќе се врати пред почетокот на следната сезона.
Тој би бил популарно решение меѓу навивачите бидејќи веќе има статус на легенда поради освојувањето на Триплетата во 2010. година.
Од друга страна, Конте е повеќе избор на Марота со кој соработуваше во Јувентус, некогашниот тренер на Челси и натаму се спори со клубот околу условите за раскинување на соработката изминатото лето, а договорот би можел да биде постигнат оваа недела кога е закажан состанок на обете страни.
Италијанецот никогаш не ја отфрли можноста да седне на клупата на ривалот на „Бјанконерите“, дури и неколкупати беше виден во просториите на Интер.