Каква приказна: Има 45 години, по 16 месеци се врати на тенисот и веднаш победи против двојно помлада противничка


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Се случи она што го посакуваа тениските фанови – по 16 месеци пауза, на теренот се врати Венус Вилијамс која доби специјална покана за турнирот во Вашингтон, а за да биде уште подобро, таа славеше во првото коло на синглови против Пејтон Стернс со 2:0, по сетови 6:3, 6:4!

Одушевени беа многу тениски фанови кога видоа дека Венус Вилијамс сака да учествува на овој турнир, таа со Хејли Баптист ги одигра двојките, а одлучи да се проба и во сингл, каде што нејзина ривалка беше девојка која има само 23 години, дури двојно помалку од неа (45)!

Стернс моментно се наоѓа на 35. место на ВТА листата, па токму затоа победата на Венус Вилијамс е уште поголема.

Фото: Принтскрин