Калафиори се сели во Лондон – познати се деталите!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Новинарот Фабрицио Романо објави дека италијанскиот репрезентативец Рикардо Калафиори конечно ќе се пресели во Арсенал, откако премиерлигашот постигнал договор со Болоња.

Долго време се најавуваше трансферот на Калафиори, но Арсенал не можеше да се договори со Болоња. Сепак, според последните информации премиерлигашот се согласил да плати 40 милиони евра плус пет милиони во бонуси.

Трансферот на Калафиори треба да биде реализиран во следните 48 часа и Италијанецот ќе биде промовиран во дресот на англискиот вицепрвак.