Калдерон бара оставка од Перез: Го киднапираше Реал Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рамон Калдерон, поранешниот претседател на Реал Мадрид, смета дека обидот за формирање на Суперлигата, чија иницијатива беше на првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, е нож во грб на фудбалот.

Калдерон намаше пријатни зборови за луѓето кои решија да ја создадат Суперлигата.

„Тоа е лудо. Го направија без да размислат, на глупав начин. Мило ми е што ќе пропадне, затоа што така направија предавство. Не можам да замислам дека било кој фудбалер ќе ја прифатеше лигата и ќе се откажеше од националниот тим“, вели Калдерон.

Бившиот претседател на „кралевите“ смета дека Перез треба да се повлече по овој потег.

„Оставката на Перез би бил достоинствен начин по големиот неуспех затоа што го направи тоа. Но, не очекувајте такво нешто од него. Се обидува без никакви права да биде газда на фудбалот и Реал. Го киднапираше Реал“, вели Калдерон.