Калин Ивановски доживеа пад на АТП-листата


Го чекав ова! Аргентина на „мојата“ Холандија - 18 ден ↓↓↓



Најталентираниот македонски тенисер Калин Ивановски забележа пад од пет позиции на АТП-листата, откако беше елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Мадрид и не освои поени.

Ивановски се наоѓа на 763. место во светот со 24 освоени бодови, додека вториот најдобар македонски тенисер Горазд Србљак има 12 бода и се наоѓа на 955. место.

Најдобар во светот е Карлос Алкараз, кој е лидер пред Каспер Руд, по што следат Рафаел Надал, Данил Медведев, Александер Зверев, Стефанос Циципас, Новак Ѓоковиќ, Камерон Нори, Андреј Рубљев и Хуберт Хуркач.

Ига Швјонтек е најдобра кај женските тенисерки со 10.365 бода, а зад неа се наоѓаат Џабер и Контравеит.