Каменуван автобусот на Бенфика, српски фудбалер доби камен во глава! (ВИДЕО)

Автобусот на Бенфика беше каменуван минатата ноќ и полесни телесни повреди заработи српскиот фудбалер Андрија Живковиќ.

По ремито со Тондела (0-0) на пат од стадионот кон тренинг-кампот, непознати лица почнале да гаѓаат со камења по автобусот, а еден од нив го погодил Живковиќ во глава. Додека слична повреда заработили Џулијан Вајлг.

Двајцата добиле медицинска помош и биле префрлени во болница. Во моментов не е позната причината за нападот, а по хулиганите трага полицијата.

Бенфика со ремито против Тондела пропушти шанса да го преземе лидерското место во португалската лига.