Канело ја одбрани титулата пред 50.000 навивачи во Мексико (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Саул Канело Алварез на поени го совлада Џон Рајдер пред 50.000 навивачи во Мексико и ја одбрани титулата во супер-средна категорија.

Канело во својот 63. професионален меч доминираше во рингот и го доби дуелот со 118-109, 118-109 и 120-107 во поени.

Ова беше прва борба за Алварез по осум месеци од операцијата на раката и повторно го покажа својот квалитет и ги воодушеви сите во Мексико.