„Канте е како стаорец


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Фудбалерите на Челси многу добро ја отворија сезоната во Премиерлигата.

Тие на самиот старт запишаа три победи од исто толку мечеви и моментално ја држат лидерската позиција заедно со клубовите од Манчестер.

Една од причините за така добрите игри на клубот од Стенфорд Бриџ е нивното ново засилување, Н`Голо Канте, кој стигна од Лестер Сити.

Пофални зборови имаше и најдобриот и најважниот играч на овој тим Еден Азар.

„Канте ни дава сигурност. Не се плашиме да влеземе во дриблинг со цел да пробаме да го поминеме противникот бидејќи знаеме, дека дури иако не успееме, ако ја загубиме топката, тој е позади нас и повторно ќе ја земе назад.

Тој е фантастичен играч. Како стаорец е – секаде го има. Има врвен менталитет и врвно момче е. Секодаш е добро да играте со така добри играчи“, рече Азар.