Канте оди во Реал, замената пристигнува од италијанскиот шампион!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Летниот преоден рок сигурно највозбудливиот период за фудбалските фанатици, а овогодинешниот трансфер пазар започна, веќе се најавуваат неколку сензационални трансфери.

Имено, Французинот Н’Голо Канте од Лестер би можел да се пресели во Реал Мадрид. Тој во период можеби е и најголемата желба на Зинедин Зидан, а сигурно дека Реал доколку успеа да го доведе би го имал најсилниот среден ред во Европа. “Кралевите” за услугите на Канте нудат 40 милиони евра, а дали Лестер ќе прифати останува да видиме.

Според некои островските медиуми, “Лисиците” би прифатиле бидејќи како замена за Канте би се обиделе да го доведат Клаудио Маркизио од Јувентус за многу помала сума.

Ситуацијата е следнава, доколку го продадат Канте за 40 милиони евра се очекува да понудат 25 милиони евра за италијанскиот фудбалер, па ќе им останат 15 милиони евра за уште некој трансфер.