Канте пред промоција, дали е ова Челси на Конте?

Антонио Конте ќе изврши неколку измени во екипата на Челси во оваа сезона во однос на минатата. Дали вака ќе изгледа неговата стартна постава?

Антонио Конте конечно е претставен во Челси, многумина сметаат дека тој е вистинско решение за таков клуб и дека сигурно ќе биде трофеен со Сините.

Во клубот стигна само едно засилување засега, тоа е Мичу Бачуаји кој стигна од Марсеј и кој ќе претставува конкуренција за Диего Коста во самиот напад.

Сепак, се зборува за многу засилувања покрај него, а најблиску до Стенфорд Бриџ е Н`Голо Канте.

Овој дефанзивен играч за врска може да го завземи местото на Немања Матиќ во стартната постава, а српскиот фудбалер се повеќе се поврзува со Манчестер Јунајтед, Јувентус и останатите гиганти од светскиот фудбал.

Куртоа дефинитивно ќе биде прв голман и во наредната сезона, а во одбраната местата се резервирани за Ивановиќ и Аспиликуета. Џон Тери ќе остане уште една година во клубот, Кејхил истотака е тука, а навивачите на Челси голема надеж положуваат и во Курт Зума.

Многумина очекуваат засилување на позиција стопер, се споменуваше Бонучи, но од тоа дефинитивно нема да има ништо. Се чека некој друг, а дали е тоа Џон Стонс, останува да видиме.

Да не го заборавиме ни Мет Миазга кој истотака е во тимот.

Средината на теренот ќе биде освежена со Канте, ако се точни сите пишувања на англиските медиуми. Тој ќе придонесе доста на средината на теренот, се расботи за играч кој е многу благодарен и кој најверојатно ќе биде во првиот тим наместо Немања Матиќ.

Фабрегас е тука, да не заборавиме ни на Лофтус Чик, Микел сеуште не замине. Да не заборавиме, од позајмица во Челси се врати и Данило Пантиќ, но сигурно нема да добие шанса веќе чека да биде позајмен во друг тим.

Офанзивни играчи за врска има доста, Вилијан е незаменлив, баш како и Азар, Педро и Квадрадо се во екипата, Оскар и Кенеди истотака, како и Траоре. Да не заборавиме ни на Марко Марин кој се врати од позајмица од Турција.

Во нападот, засега, Конте има неколку опции ,сигурни сме дека Диего Коста ќе биде прв избор, вториот е Бачуаји, Лоик Реми и понатака е играч на Челси, не смееме да го заборавиме ни Соленка кој сеуште не договори позајмица за наредната сезона и миже да добие шанса во првиот тим.

Значи, вака треба да изгледа Челси за наредната сезона:

Точно е дека Конте форсира формација 3-5-2 во својата ка риера, но истакна по доаѓањето во Челси дека тој е кој треба да се прилагоди на екипата и на натпреварувањето, па медиумите во Англија очекуваат да игра 4-2-3-1.

Но, немојте да ве зачуди и ако ја игра и прво споменатата.