Канте пред трансфер на кариерата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид летово сигурно ќе направи многу промени во екипата. Тие сакаат да ја освежат екипата, а Флорентино Перез порача дека имаат голем буџет за нови засилувања.

Иако многу клубови се во финансиска криза поради пандемијата, сепак такво нешто за Реал Мадрид не важи.

Шпанските медиуми објавија дека најмногу промени ќе има во редот за врска во кој играат фудбалери кои се во последните години од кариерата.

Прва желба на Реал е Н’голо Канте, кој во моментов игра за Челси. „Кралевите“ ќе се обидат да го ангажираат 29-годишниот играч и подготвени се да платат 75 милиони евра за него.

Канте со лондонскиот клуб има договор до 2023 година и ќе биде интересно да се види дали Челси ќе го продаде со оглед на тоа дека е еден од најважните фудбалери.