Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Голманот на Вардар, Робин Кантегрел беше еден од најдобрите на теренот против Елверум и му помогна на својот тим да ја запише втората победа во групата во Лигата на шампиони (ЛШ).
Кантегрел одбрани неколку важни удари кон неговиот гол и му помогна на Вардар да слави со 35-32.
„Се надевам дека Алфредо Кинтана ќе ја добие битката за неговиот живот. Ние се боревме до крај и успеавме да славиме. Мрднавме од последното место и се надевам дека ќе освоиме уште бодови. Честитки за Елверум“, кажа Кантегрел.