Кантона покажа на Ибрахимовиќ кој е крал на Манчестер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ерик Кантона за време на играчката кариера беше ист како и Златан Ибрахимовиќ денеска, а навивачите на Ѓаволите го крунисаа за Крал на Јунајтед.

Сега со доаѓањето на Ибрахимовиќ работите можат да се променат, бидејќи популарниот Ибракадабра како и Кантона, е еднакво харизматичен, и тој може да ја добие титулата крал.

Кантона е очигледно исплашен од таа промена па го изјави следното:

„Имам порака за Златан. Се одлучи да дојде меѓу црвените и тоа е најдобра одлука која некогаш ја донесол. Кога ќе влезеш на Олд Трафорд, кога ќе почувстуваш духовите на легендите кои биле таму, кога ќе постигнеш гол пред Стретфорд Енд, па тогаш ги слушнеш навивачите како го скандираат твоето име. Кога срцето ќе почне да ти чука како да излезе, кога ќе почувстуваш дека ќе ги сакаш како тие те сакаат тебе, ќе знаеш, пријателу, дека конечно си дошол дома. Но, ќе извиниш, крај е само еден а тоа сум јас, ти можеш да бидеш само принц“, рече Кантона.