Капело со интересен коментар: Може да игра во Серија А уште две години и тоа со цигара во устата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тијаго Силва со години е меѓу најдобрите светски стопери, а наскоро ќе бара нов клуб затоа што неговиот договор со ПСЖ ќе дојде до самиот крај.

На искусниот Бразилец кој има 35 години во септември ќе му истече договорот, а се споменува дека тој би можел да направи трансфер во Серија А.

Легендарниот италијански стратег, Фабио Капело смета дека Силва може да игра во Италија уште најмалку две сезони.

„Кога би ми требал дефанзивец, би го донел Тијаго Силва. Уште две години може да игра во Серија А и тоа со цигара во устата“ –изјави Капело.