Капело со совет до Алегри: Одбиј го Баерн, почекај понуда од Манчестер…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендарниот стратег, Фабио Капело го советуваше Масимилијано Алегри да почека понуда од Манчестер Јунајтед и да ги одбие сите други кои ќе стигнат на негова адреса.

Капело смета дека би бил одличен за Баерн Минхен, но го советува да почека понуда од Манчестер Јунајтед.

Алегри веќе потврди дека учи англиски јазик и најави негов премин во Премиер лигата од следната сезона.

„Тој би бил добар за Баерн Минхен, но го советувам и би требало да почека понуда од Манчестер Јунајтед“-изјави Капело.