Капело со сурово искрен коментар: Не сум убеден од одбраната на Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот тренер на Јувентус и легенда на италијанскиот фудбал, Фабио Капело истакна дека не е убеден од дефанзивниот пар на Јувентус, сега кога Џорџо Киелиние надвор поради повреда.

Јувентус за големи пари го донесе Матијс де Лихт кој не се снаоѓа баш најдобро на почетокот на новата авантура во Торино.

„Не сум убеден од централните дефанзивци, не верувам дека тие се воиграни доволно.  По мое мислење, тие се уште не се воиграни. Прво Бонучи и Киелини играа добро, сега Де Лихт неколку пати оди напред кога мора да остане на линијата“ –истакна Капело за „Скај Спортс“.