Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ ја доби наградата за најкорисен ракометар на фајнлфорот во Лигата на шампиони во Келн. Хрватскиот репрезентативец одигра одличен меч најпрво против Барселона во полуфиналето, а потоа и против Веспрем, па заслужено ја доби наградата.
Хрватот имаше проблеми по мечот против Барселона, откако се повреди во финишот, но медицинскиот тим на македонскиот и сега европски шампион успеа да му овозможи настап на Карачиќ во финалето.
Да потсетиме, Карачиќ од идната сезона ќе настапува во Кјелце, со кој неодамна потпиша договор бидејќи Вардар се наоѓа во финансиски проблеми.
Most Valued Player of the VELUX EHF FINAL4 is @HCVardar‘s Igor Karacic! ?#veluxehfcl #ehffinal4 #hellocologne pic.twitter.com/lAIF7w0Gl9
— EHF Champions League (@ehfcl) June 2, 2019