Карагер даде совет за ново засилување на Ливерпул: Не смее да се штедат пари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер му даде совет на тимот да не штеди пари и во јануари да ангажира замена за Вирџил Ван Дајк.

Ван Дајк се повреди во натпреварот против Евертон и ќе мора да паузира најмалку шест месеци, па поради тоа Ливерпул ќе мора да бара решение во одбраната.

„Следното големо засилување за Ливерпул секако дека треба да биде стопер. Зборував дека треба да купат стопер на лето, а сега кажувам дека мораат да го доведат во јануари. Дејан Ловрен замина и не го заменија, така останаа само три централни дефанзивеци. Сега тешко се повреди Ван Дајк и останаа само двајца, еден од нив е само Жоел Матип, секогаш е повреден. Сега под знак прашалник е и Џо Гомез. Значи нема сомневање дека мораат да купат еден голем играч за таа позиција“, кажа Карагер.